vest2

 

Во Штип на 16 Ноември во спотската сала Јордан Мијалков во организација на Федерацијата за училишни спортови во соработка со ППФМ се одржа државното првенство во пинг понг во конкуренција на средни училишта.
На првенството учествуваа ученици од сите средни училишта од цела Македонија.
Системот на натпревари беше организиран на тој начин што учесниците во првата фаза играа во групи според репасаж систем, при што двајцата најуспешни во секоја група го продолжуваат натпреварувањето во втората фаза на директни елиминации. На овие турнири се игра и меч за трето место.
 
Пласман машка конкуренција:

    Александар Рикалоски
    Дамјан Стојчев
    Тоше Волканоски
    Леонид Гошев     

Пласман женска конкуренција:

    Ана Стојановска
    Бојана Михајловска
    Ива Димитриевска
    Добринка Сотирова  

Во Прилеп на 18 Ноември во организација на ППФМ и ППК Младост 96 од Прилеп, во спортската сала на СОУ Ѓорче Петров се одржа Државното првенство во екипна конкуренција за пионери во категорија У 15.
Поголемиот број на клубови во Македонија кои имаат школи за млади играчи учествуваа на првенството, некои од клубовите и со две екипи во конкуренција.
 
Пласман машка конкуренција:

    ППК Крива Паланка
    ППК Струмица
    ППК Винспин - Виница
    ППК Крушево

Пласман женска конкуренција:

    ППК Крива Паланка
    ППК Крушево
    ППК Астраион Мега Спин - Струмица
    ППК Крушево ( втора екипа )