vest1

Првиот Телеком мастерс бодовен турнир  за јуниори организиран од Пингпонгарската Федерација на Македонија и Пинг-понгарскиот  клуб „Младост 96“ од Прилеп , се одржа во спортската сала при СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп.
 
На турнирот учествуваа 24 натпреварувачи во машка конкуренција и 12 натпреварувачки во женска конкуренција.
 
КОНЕЧЕН ПЛАСМАН
 
ЈУНИОРИ
1 место: Александар Рикалоски  ППК Младост 96 - Прилеп
2 место: Дамјан Стојчев  ППК Шампион ФА - Штип
3 место: Леонид Гошев  ППК Винспин - Виница
4 место: Иво Мартиновски  ППК Студент - Скопје
 
ЈУНИОРКИ
1 место: Ива Димитриевска  ППК Рисови - Скопје
2 место: Ана Стојановска  ППК Крива Паланка - Крива Паланка
3 место: Бојана Михајловска  ППК Рисови - Скопје
4 место: Мила Штркова  ППК -  Шампион Фа - Штип
 
Во финалните натпревари посебно интересен беше натпреварот кај јуниорките каде што Димитриевска во изедначена и неизвесна борба успеа со 4:3 да ја совлада Стојановска.
 
Кај јуниорите фаворитот Рикалоски со 4:1 го совлада Стојчев.