Последно коло од есенскиот дел од првенството во пинг понг

slajder3

На 25 Ноември во Прилеп се одигра седмото последно коло од есенскиот дел од првенството во пинг понг. Во двете најсилни лиги, Супер и Прва лига се одиграа дерби натпреварите од кои на крајот не сезоната во голема мера ќе зависи конечниот изглед на табелите.

Во Супер лига во многу интересен и драматичрн натпревар Младост од Прилеп го совлда есенскиот првак Вардар од Скопје со резултат 4:3. Во првата лига во дерби натпреварот на есенскиот дел се сретнаа Радовиш и Кочани, кои пред почетокот на седмото коло имаа ист број на бодови. Во овој натпревар екипата на Радовиш убедливо го совлада Кочани со 4:0 и напави голем чекор кон директен пласман во Супер лигата.
 Во супер лигата најдобар скор од играчите има државниот првак Кристијан Станојковски кој има сто процентен учинок со 9 победи од исто толку натпревари.
 Во првата лига играчите на Радовиш, Венко Стојанов и Гоце Димоски исто така имаат сто процентен учинок и се на првите две места на ранг листата на играчи од првата лига.
Табела Супер Лига

    Вардар 13 бодови
    Младост 13 бодови
    Младост 96 12 бодови
    Телеком НЕЦ 12 бодови
    Работнички 10 бодови
    Шампион ФА 9 бодови
    УГД 8 бодови
    Мултитекс 7 бодови

Табела Прва лига

    Радовиш 14 бодови
    Кочани 13 бодови
    Пошта 2  12 бодови
    Дебар Маало 11 бодови
    Струга 10 бодови
    Пелистер 9 бодови
    Борец ТИМ 8 бодови
    Студент 6 бодови

 Во Прилеп на 2 декември се одржа првиот бодовен турнир за играчи до 21 година У21.  
  Победници во машка конкуренција
1. Петар Костовски
2. Александар Рикалоски
3. Христијан Јованов
4. Филип Костадиновски
Победници во женска конкуренција
1. Ана Стојановска
2. Ива Димитријевска
3. Бојана Михајловска
4. Ана Марија Димитрова
 
На 16 Декември во Скопје во спортскиот центар Форца ќе се одржи третиот турнир во  пинг понг Самсунг 2018.

Турнирот од оваа година е од отворен карактер, и добива интернационален карактер.

Организатори на турнирот се ППФМ и пинг понгарскиот клуб Телеком НЕЦ од Скопје.

На турнирот можат да учествуваат сите играчи без разлика дали се професионални играчи или рекреативци.

Играчите во машка конкуренција ќе бидат поделени во четири категории:

    Апсолутна
    40+
    49+
    59+

Во женска конкуренција натпреварувачките ќе се натпреваруваат само во една, апсолутна категорија.

За победниците во сите категории од страна на организаторот и спонзорите обезбедени се парични и непарични награди.

Спонзорот Самсунг обезбеди најнови модели на Самсунг телефони за победниците на турнирот.

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај