ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА XVII ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ВО СЕНИОРСКА КОНКУРЕНЦИЈА

 52401117 2286282744992919 7575033579437031424 n

- XVII-то Државно првенство во сениорска конкуренција ќе се одржи на 2ри и 3ти Март (сабота и недела) во СЦ Форца во Скопје со почеток во 10 часот.

Пријавувањето се врши исклучиво на е-маил (наведен во пропозициите) со уредно пополнета апликација за пријавување. 
Играчите кои ќе се пријават за државното првенство, а нема да настапат не се ослободени од котизација (нивните трошоци ги сносат клубовите за кои што настапуваат)
Сите играчи кои не се членови на клубови за да учествуваат на Државното првенство должни се да ја уплатат котизацијата на сметката на ППФМ и да приложат уплатница како доказ за платена котизација за учество на Државното првенство. Пријавувањето за сите категории завршува на точно наведениот датум и време во пропозициите. Пријавувања после рокот за пријавување нема да се евидентираат. Исто така нема пријавување на лице место.
 
ПРЕЗЕМЕТЕ ПРОПОЗИЦИИ
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај