Рустемовски и Стојановска државни прваци во јуниорска конкуренција

Малата Крива Паланка, претставува голем расадник на успешни пинг понгари во Македонија. Во саботата во Крива Паланка се одржа државното првенство во јуниорска конкуренција категорија У 18. Ана Стојановска од Крива Паланка ја продолжи традицијата да има државен првак од Паланка во секоја категорија. После Станојковски и Ристовска кои се сениорски прваци, Стојановска се закити со златото на јуниорското државно првенство.
Во конкуренција на јуниори супериорно до првото место и титулата државен првак дојде Раиф Рустемовски, кој живее во Шведска но за сите големи натпреварувања доаѓа во Македонија.
 Во финалните натпревари Рустемовски го совлада Леонид Гошев, додека Стојановска беше поуспешна во финалниот натпревар кај јуниорките од Ива Димитриевска.
Учесниците на државното првенство покрај поединечна конкуренција се натпреваруваа и во конкуренција на двојки.
Распоред на пиедесталот по категори:
Јуниори
1. Раиф Рустемовски
2.Леонид Гошев
3.Дамјан Стојчев,
   Александар Јакимовски
Јуниорки 
1. Ана Стојановска
2.Ива Димитриевска
3.Добринка Сотирова,
   Бојана Михајловска
Двојки Јуниори
1. Д.Стојчев/Л.Стојчев
2. Д.Главевски Зхоу/Т.Волкановски
3. Д.Атанасов/Л.Гошев,
   А.Јакимовски/А.Крстевски
Двојки Јуниорки
1. И. Димитриевска / Б. Михајловска
2. А. Стојановска / С. Стојановска (СК
3. В. Богоеска / Б. Ристоска,
    Ф. Јовановска / С. Хасану
Мешани двојки
1. А. Стојановска / Л. Гошев
2. В. Богоеска / Т. Волкановски
3. С. Стојановска(СК) / Д. Главевски Зхоу,
    Д. Стојчев / М. Штркова
раиф
 
ана
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај