Заврши светското првенство во пинг понг

Во Будимпешта, престолнината на Унгарија од 21 Април до 28 Април се одржа светското првенство во пинг понг во поединечна конкуренција. На светското првенство учествуваше и нашата репрезентација со четворица натпреварувачи. Боите на репрезентативниот тим на Македонија ги бранеа, Кристијан Станојковски и Петар Костовски во машка конкуренција, и Ива Димитриевска и Ана Стојановска во женска конкуренција. На светскот првенство нашите претставници ги изгубија сите натпревари и рано го завршија своето учество, што е добар показател дека пред пинг понгарската федерација и играчите претстои многу работа за да се фати приклучок, барем за почеток со балканските држави за во иднина нашите играчи да бидат порамноправни со нивните противници во почетните фази на големите европски и светски натпреварувања.
сп1
 Сепак на светското првенство македонската федерацоја на дипломатски план забележа успех.  На 23 април на годишното собрание на Медитеранската Пинг понг унија, нашата држава и асоцијација едногласно е примена како полноправна членка на ова унија. Со тоа се отвора можност на нашите репрезентации секоја година да учествуваат на силни шампионати со квалитетни репрезентации од калибарот на Италија, Шпанија, Франција, Грција, Турција, итн.
 Генарално на светското првенство, очекувано потврдена доминација на Кина. Изненадија елиминациите на првите двајца светски играчи Fan Zhendong и Xu Xin, Fan Zhendong беше поразен од сонародникот Liang Jingkun, иако пред светското првенство важеше за главен фаворит за освојување на светската титула, Додека поразот на Xu Xin, од французинот Simon Gauzy за прв пат после 16 години спречи кинеско финале, бидејќи кинескиот играч беше единствениот претставник на Кина во долната половина на ждребот. Во финалето актуелниот светски првак Ma Long ја одбрани титулата и воедно стана првиот играч за три светски титури освоени една по друга.Ma Long во финалето беше подобар од швеѓанецот Falck Mattias.
 Ma Long се закити со титулата светски првак и во конкуренција а машки дубл, заедно со сонародникот Wang Chuqin, победувајќи ги во финалето Ionescu Ovidio  од Романија и Robles Alvaro од Шпанија.
 Во женска конкуренција детронизирана беше шампионката од 2017 година,Ding Ning која во полуфиналето беше поразена од Liu Shiwen иако имаше предност од 2:0. Liu Shiwen во финалето ја совлада Chen Meng.
Многу интесен натпревар се одигра во конкуренција на женски дублови, каде што Sun Yingsha и Wang Manyu од Кина за противнички ги имаа јапонките Ito Mima и Hayata Hina. Јапонките ги добија првите два сета, но кинеските натпреварувачки не дозволија освојувач на златен медал да биде било која друга репрезентација освен Кина.
  Во микс дубл, кинеските натпреварувачи Xu Xin i Liu Shiwen беа подобри од јапонскиот микс дубл Yoshimura Maharu и Ishikawa Kasumi.
wch
Следното светско првенство во поединeчна конкуренција ќе се одржи во 2021 година во Хјустон, САД,.
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај