Возбудлив прв мастерс во кадетска конкуренција

Во Прилеп во спортската сала на СОУ Ѓорче Петров се одржа првиот Телеком мастерс турнир во кадетска конкуренција за играчи до 15 години. Пријавени беа 38 кадети и 16 кадетки.
Во машка конкуренција фаворитот Лука Стојчев од ППК Шампион ФА ја оправда фаворитската улога и заслужено на крајот го подигна победничкиот пехар. Во финалето противник на Лука Стојчев му беше Борис Секулов од Астраион, кој како 11 носител успеа да стигне до финалето. Во својот пат до финалето Секулов со 3:2 го елиминира вториот носител, Александар Јакимовски од ППК Крива Планка.  Стојчев и Секулов два пати играа на овој турнир. Првиот нивни натпревар беше во групата каде што Стојчев беше поуспешен со 3:0, додека во финалето резултатот беше 3:1 за Стојчев. Со бронзени медали се закитија  Лука Серафимовски од ППК Винспин и Борјан Цветковски од ППК.Топспин плус.
 Кај кадетките натпреварите беа далеку повозбудливи. Втората носителка Сара С.Стојановска од ППК Крива Паланка лошо го започна турнирот губејќи го првиот натпревар во групата со 3:2. Со тоа Стојановска ја изгуби привилегираната улога на втор носител и загарантирано место кое избегнува директен натпревар со првата носителка Васе Богоеска од ППК Крушево. П онатамошниот развој на случувањата на турнирот сакаше ждребот после групите во полуфинале да играат првите две носителки по ранг пред започнувањето на турнирот. Стојановска беше поуспешна од Богоеска со 3:0 во многу неизвесен натпревар. Сите сетови завршија со два поени разлика во корист на Стојановска. Најпријатните изненадувања на овој турнир се Фани Јованоска од ППК Крушево и Изабела Ковачовска од ППК Берово која на почетокот на натпреварите ја совлада Стојановска. Во финалето минимално со 3:2 Стојановска славеше против Јованоска.
Пласман кадети
1. Лука Стојчев
2. Борис Секулов
3. Лука Серафимовски, Борјан Цветковски
Пласман кадетки
1. Сара С.Стојановска
2. Фани Јованоска
3. Васе Богоеска, Изабела Ковачовска
тт пп 15 1
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај