Супер интересни натпревари и елиминација на првите носители одлика на првиот мастерс за јуниори

Денес во Крива Паланка се одржа првиот телеком мастерс турнир во пинг за играчи помлади од 18 години.
Супер интересни натпревари се главната одлика на овој турнир. Главните фаворити кои беа прворангирани во оваа категорија, Леонид Гошев кај јуниорите и Ана Стојановска кај јуниорките на крајот мораа да бидат задоволни со освоените бронзени медали. Гошев во полуфиналето немаше решение за кинеската магија на Даниел Зхоу Главевски актуелниот пионерски првак, на кој оваа сезона му е прва како јуниор. Сара С.Стојановска беше поуспешна од Ана Стојановска со 3:2 во крајно неизвесен и изедначен натпревар.
 Во финалето кај јуниорите присутните во ДТВ Партизан во Крива Паланка можеа да следат инфаркт натпревар, во кој од дуелот Теодор Волканоски, Даниел Главевски Зхоу поуспешен беше Волканоски со 3:2. Во петтиот сет кој заврши со 15:13 за Волканоски, Главевски Зхоу спаси дури 5 меч топки на резултат 10:5 за Волканоски.
 Кај јуниорките Бојана Михајловска два пати на овој турнир ја совлада Сара С.Стојановска 3:0 во групата, и 3:2 во финалето.
Пласман ЈУНИОРИ
1. Теодор Волканоски ППК Крушево
2. Даниел Главевски Зхоу ППК Мултитекс
3. Леонид Гошев ППК Винспин, Борис Секулов ППК Астраион
Пласман ЈУНИОРКИ
1. Бојана Михајловска ППК Рисови
2. Сара С.Стојановска ППК Крива Паланка
3. Ана Стојановска ППК Крива Паланка, Мила Штркова ППК Шампион ФА
kp3
 
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај