Победи на главните фаворити на првиот телеком мастерс турнир за сениори У 21

Крива Паланка овој викенд беше центар на случувањата во пинг понгот. Денес се одржа телеком мастерс турнирот за сениори помлади од 21 година. Главните фаворити кои беа поставени за први носители ја оправдаа фаворитската улога и на крајот ги подигнаа победничките пехари и се закитија со златните медали.
 Филип Костадиновски од ППК Крива Паланка 2007 во финалето беше поуспешен од Дамјан Стојчев од ППК Шампон ФА. Во полуфиналето вчерашните финалисти од У 18 турнирот Даниел Зхоу Главевски и Теодор Волкановски беа поразени од повозрасните Костадиновски и Стојчев.
 Кај сениорките главната фаворитка Ива Димитриевска од ППК Рисови имаше успешно враќање на пинг понгарската сцена после неколку месечна пауза и ја потврди доминацијата од минатата година победувајќи во финалето со 3:1. Противник во финалето на Димитриевска беше Ана Стојановска од ППК Крива Паланка. Сара С.Стојановска од ППК Крива Паланка и Бојана Михајловска од ППК Рисови ги освоија бронзените медали.
 
Пласман Прв телеком мастерс за сениори У 21

Сениори

1. Филип Костадиновски

2. Дамјан Стојчев

3. Даниел Главевски Зхоу, Теодор Волканоски

Сениорки

1. Ива Димитриевска

2. Ана Стојановска

3. Сара С.Стојановска, Бојана Михајловска

kp1kp2kp3

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај