Одржано државното првенство за основни училишта

Прилеп 08.11.2019
Со учество на 56 натпреварувачи од кои 40 во машка конкуренција и 16 во женска конкуренција под покровителство на Федерацијата за училишен спорт на Македонија и во техничка реализација на Пингпонгарската федерација во спорската сала на средното медицинско училиште Ѓорче Петров во Прилеп се одржа Државното првенство во пинг понг за основни училишта.
 Најуспешен кај момчињата беше Лука Стојчев кој оваа сезона победува на сите турнири кои се во негова категорија, не дозволувајќи ни малку надеж на неговите противници дека некој може да го симни од тронот.
Во финалето Лука го совлада Александар Јакимовски со 3:0, Додека во малото финале борбата за бронзениот медал поуспешен од двајцата струмичани, Кенан Асанов беше поуспешен од Борис Секулов со 3:0
Пласман момчиња
1. Лука Стојчев
2. Александар Јакимовски
3. Кенан Асанов
Кај девојчињата далеку повозбудлив дел од турнирот. Првата носителка Васе Богоеска од Крушево беше елиминирана ос Сара С. Стојановска која беше втора носителка уште во четвртфиналето. Доколку развојот на настаните одеше според ранкингот Сара и Васе ќе играа во финалето. Но Сара изгуби во групата од Изабела Ковачовска и така како второпласрана во групата ждребот "сакаше" двете прворангирани да се сретнат уште во четвртфиналето.
Во полуфиналето најперспективната пингпонгарка, Фани Јовановска ја елиминира Сара Стојановска за во финалето повторно да биде како победник победувајќи ја својата клубска другарка од ППК Крушево Софија Хасану со 3:0 во многи изедначен натпревар. Во борбата за Бронзениот медал Стојановска и се реваншира за поразот во групата на Ковачовска и го освои третото место.
Пласман девојчиња
1. Фани Јовановска
2. Софија Хасану
3. Сара С.Стојановска2
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај