Шампион ФА и Рисови најдобри на јуниорското државно првенство

Штип 1. Декември 2109 

Во Штип во организација на ППК Шампио ФА и под покровителство на ППФМ  се одржа 28-то републичко првенство во екипна конкуренција за јуниори.

На првенството учествуваа осум екипи во машка конкуренција и шест екипи во женска конкуренција. Најуспешни кај јуниорите беше екипата на организаторите, Шампион ФА предводени од браќата Дамјан и Лука Стојчев, кои супериорно го освоија првото место. Во финалето Шампион Фа убедливо со 3:0 славеа против Крушево.

Шампион Фа и Крушево во полуфиналните борби беа поуспешни од Астраион и Рисови

Полуфинале јуниори

ППК Шампион ФА - ППК Астраион 3:0

ППК Крушево - ППК Рисови 3:0

Финале 

ППК Шампион ФА - ППК Крушево 3:0

ПЛАСМАН ЈУНИОРИ

1. ППК Шампион ФА

2. ППК Крушево

3. ППК Рисови, ППК Астраион

29

Кај јуниорките очекувано во финалето се сретнаа ППК Рисови и ППК Крива Паланка, Во многу понеизвесно финале Бојана Михајловска и Ива Димитриевска кои беа главни носители на екипата на Рисови беа поуспешни од Ана Стојановска и Сара С.Стојановска со 3.1

Со тоа Рисови беа најуспешната екипа на првенството освојувајќи злато и бронза 

.Полуфинале јуниорки

ППК Рисови - ППК Крушево 3:0

ППК Крива Паланка - ППК Берово 3:1

Финале

ППК Рисови - ППК Крива Паланка 3:1

ПЛАСМАН ЈУНИОРКИ

1. ППК Рисови

2: ППК Крива Паланка

3. ППК Крушево, ППК Берово

35

 

 

 

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај