Интензивни подготовки на младинските репрезентативци

 Во Скопје во периодот од 15 до 19 Јануари се одржа камп за младинските категории на државнта репрезентација. На тренинзите во рамките на кампот Скопје 2020 беа повикани вкупно 18 репрезентатици од сите младински категори, млади кадети, кадети и јуниори. Поради периодот на зимскиот распуст дел од репрезентативците кои беа повикани не беа во можност да приуствуваат на подготовките поради нивното отсуство од државата.

 Кампот го водеа тренери од соседна Србија со кои ППФМ има одлична соработка, и тренерот од Прилеп Зоран Јованоски. 

Целта на подготвителните тренинзи се оптимизирање на формата на нашите репрезентативци пред претстојните натпреварувања, Балканската лига за млади играчи во кадетска и јуниорска конкуренција, натпреварување кое ќе се одржи на 8 и 9 февруари во Скопје, како и рангирните турнири и државните првенства во рамките на Македонските пинг понгарски натпреварувања.

Камп Скопје

Кампот во Скопје е само продолжување на долгорочната стратегија на ППФМ за подигање на квалитетиот на младинските категории на играчи како би биле конкурентни на балканските и европските натпревари. Праксата која започна со испраќање на младите играчи на кампови во Шведска, Хрватска, Србија, Црна Гора и Словенија, после кампот во Скопје ќе продолжи со испраќање на нашите играчи на кампови во  Опатија Хрватска непосредон пред Балканското Првенство за кадети и јуниори кое ќе се одржи во Бугарија во месец мај.

 Дел од стратегијата за вложување во младите играчи на ППФМ е и отворањето на неколку регионални тренинг центри низ целата држава. Тренинг центри ќе бидат отворени во Прилеп, Скопје, Штип и Крива Паланка.

За работа со младите категории од страна на ППФМ се ангажирани тренери кои имаат долгогодишно искуство во пинг понгот, поранешни државни прваци, со еден збор кажано луѓе кои оставиле свој печат во пинг понгот во Македонија.

Прв со Работа почна регионалниот тренинг центар во Прилеп, центар во кој ќе тренираат играчи од Битола, Крушево, Кавадарци и Прилеп.

За тренер во овој тренинг центар ангажиран е Зоран Јованоски Тарзан, живата легенда на македонскиот пинг понг, личност која е омилена меѓу младите играчи, човек со долгогодишно искуство како тренер ангажиран и од федерацијата на училишни спортови на Македонија на тренинг камповите кои ги организира ФУСМ во соработка со ППФМ.

РЦ ПП

 Сите овие активности ќе бидат претставени пред собранието на клубови кое ќе се одржи во Кавадарци на 26 Јануари, каде што на клубовите ќе им бидат презентирани и плановите за следната натпреварувачка сезона, сезона во која акцентот на ангажманот на ППФМ во уште поголем обем ќе биде насочен кон младите категории на играчи.

 

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај