Најмладите ја отворија пролетната сезона во пинг понгарското првенство

Во срцето на малешевијата, навидум малото гратче Берово овој викенд е центар на пинг понгарските случувања во државата.
Најмладите играчи, помлади од 12 години го одиграа вториот мастерс рангирен турнир со што воедно пролетниот дел од сезоната 2019/20 го прогласија за отоврен.
Турнирот во организација на ППК Зегин од Берово за отворен го прогласија градоначалникот на Берово Звонко Пекевски и претседателот на пинг понгарската федерација Горан Тиловски.
Во натпреварувачкиот дел на турнирот фаворитите ја оправдаа својата улога и според очекувањата Фани Јованоска од ППК Крушево и Александар Јакимовски од Крива Паланкасе закитија со победничките пехари победувајќи во финалето, Јакимовски беше подобар од Ненад Тиловски од ППК Телеком НЕЦ 2, додека Јованоска во финалето ја надигра Сара Стојановска од ППК Крива Паланка.

1

ПЛАСМАН Млади Кадети У 12

1.Александар Јакимовски ППК Крива Паланка
2.Ненад Тиловски ППК Телеком НЕЦ 2
3.Давид Иванов ППК Телеком НЕЦ 2, Андреј Стојановски ППК Работнички

ПЛАСМАН Млади Кадетки У 12

1.Фани Јованоска ППК Крушево
2.Сара Стојановска ППК Крива Паланка
3.Матеја Смолиќ ППК Рисови, Лена Гидалова ППК Студент

Возбудувањата во Берово продолжуваат утре во недела со кадетскиот мастерс турнир за играчи помлади од 15 години.

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај