Сара С.Стојановска и Борис Секулов најдобри на кадетскиот мастерс

 Во Берово на вториот ден од мастерс викендот за кадети во категориите за играчи до 12 и до 15 години, во неделата се одржа мастерс турнирот во кадетска конкуренција до 15 година. Ако на мастерсот во категоријата до 12 години фаворитите ги освоија првите места, кај повозрасните играчи во машка категорија имаше изненадувања.

Најдобриот играч до 15 година Лука Стојчев од ППК Шампион Фа неочекувано изгуби во четврт финалето од Александар Јакимовски од ППК Крива Паланка . Стојчев прокоцка водство од 2:0 во сетови за на крај да слави Јакимовски со 3:2. Инаку Јакимовски е неприкосновен во категоријата за играчи  до 12 години.

Титулата на вториот мастерс ја освои Борис Секулов член на струмичката екипа на Астраион. Секулов во финалето беше подобар од Борјан Цветковски од ППК Топспин Плус.

Кај кадетките убедливо со најдобар скор до сега првото место го освои Сара С.Стојановска која на патот до златото на вториот мастерс изгуби само еден сет во финалето против Васе Богоеска .

Пласман Кадети

  1. Борис Секулов ППК Астраион
  2. Борјан Цветковски ППК Топспин Плус
  3. Александар Јакимовски ППК Крива Паланка, Лука Серафимовски ППК Винспин

Пласман Кадетки

  1. Сара С.Стојановска ППК Крива Паланка
  2. Васе Богоевска ППК Крушево
  3. Изабела Ковачовска ППК Берово, Софија Хасану ППК Крушево

Берово 5

Берово 8

 Победниците од вториот мастерс ќе бидат сигурни членови на репрезентацијата во кадетска конкуренција која ќе не претставува на натпреварите во Балканската Конект лига за кадети и јуниори која ќе се одржи на 8 и 9 Февруари во Скопје во А1 Арена СЦ  Борис Трајковски во Скопје.

.

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај