Започна пролетниот дел во најсилните лиги

 СЦ Борис Трајковски, А1 Арена (мала сала) во пролетниот дел од сезоната 2019/20 ќе биде борилиштето каде што ќе ги одмерат силите најдобрите клубови во пинг понгарското првенство. Од 1 Март па се до 22 Март во четири турнуси ќе се одиграат натпреварите од Супер и прва лига.

Првото пролетно коло, вкупно осмо во првенството во супер лигата помина во знакот на фаворитити, Младост и Шампион Фа забележаа победи против Вардар и Работнички,  додека Радовиш и Телеком НЕЦ одиграа супер интересен натпревар кој заслужено им припадна на Радовишани со што дополнително ја замрсија борбата на дното на табелата, ако се земи во предвид и одиграниот натпревар од деветтото коло во кој Вардар беше подобар од Работнички. Екипата на Младост 96 која во зимскиот преоден рок се засили со македонскиот првак Станојковски и играчот од Србија Стефан Костадиновиќ со што најави атак на титулата во осмото коло беше слободна

 Резултати Супер лига 8 коло

Младост - Вардар 4:2

Работнички - Шампион Фа 1:4

Телеком Нец 1 - Радовиш 3:4

9 коло

Вардар - Работнички 4:2

Табела

  1.  Младост
  2. Шампион Фа
  3. Работнички
  4. Младост 96
  5. Радовиш
  6. Телеком НЕЦ
  7. Вардар

82

Во првата лига фаворитите ја оправдаа улогата, Телеком НЕЦ 2, забележа лесна и убедлива победа против Мултитекс, Крива Паланка 2007 го совлада единствениот конкурент за второто место, екипата на Кочани. 

Резултати Прва лига 8 коло

Телеком Нец 2 - Мултитекс 4:0

Пошта 2 - Дебар маало 4:0

Борец ТИМ - Струга 1:4

Крива Паланка 2007 - Кочани 4:2

Табела Прва лига

  1. Телеком НЕЦ 2
  2. Крива Паланка 2007
  3. Кочани
  4. Струга (-1 бод)
  5. Борец Тим
  6. Мултитекс
  7. Пошта 2
  8. Дебар Маало

81

 

 

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај