Фуриозен старт на Младост 96 во пролетниот дел од сезоната

 Младост 96 на најдобар начин ја започна пролетната половина од сезоната 2019/20 во супер лигата. Со две убедливи победи со максимален учинок испратија порака до градскиот ривап Младост дека битката за шампоин во пинг понгарското првенство допрва почнува. Ривалот Младост по десет одиграни кола сеуште е неприкосновен има максимален учинок и во досегашниот тек на лига првенството,играчите на Младост сеуште не ја почуствувувале горчината на поразот. Борбата за опстанок ќе се води меѓу екипите на Телеком НЕЦ, Радовиш и Вардар, додека во опасната зона се наоѓа екипата на Работнички, додека Шампион ФА теоретски се во плеј офот.

СУПЕР ЛИГА РЕЗУЛТАТИ

Деветто коло:

Младост 96 - Радовиш 4:0

Младост - Телеком НЕЦ 4:1

Вардар - Работнички 4:2 (одиграна на 1 Март)

Десетто коло:

Телеком Нец - Младост 96 0:4

Работнички - Младост 1:4

Радовиш - Шампион ФА 1:4

ск84

 Во првата лига со денешната победа екипата на ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 над директниот конкурент за првото место кое води до директен пласман во елитата против екипата на Крива Паланка 2007, Телекомци троретски се супер лигаши во следната сезона. За борбата за избегнување на дното успешен ден имаше екипата на Мултитекс од Битола која славеше против Борец ТИМ од Велес и Дебар Маало од Скопје. Од сите екипи кои се борат за опстанок во најнезавидна ситуација се наоѓа екипата на Дебар Маало. Дебар Маалци имаат десет порази без ниедна победа и ако се погледне распоредот до крајот на сезоната многу е веројатно дека следната сезона ќе се преселат во понизок ранг на натпреварување.

ПРВА ЛИГА РЕЗУЛТАТИ

Деветто коло:

Крива Паланка 2007 - Пошта 4:2

Кочани - Телеком НЕЦ 2 0:4

Струга - Дебар Маало 4:1

Мултитекс - Борец ТИМ 4:3

Десетто коло:

Телеком Нец 2 - Крива Паланка 2007 4:1

Пошта 2 - Струга 1:4

Дебар Маало - Мултитекс 0:4

Борец ТИМ - Кочани 2:4