Два порази на државниот првак, супериорна екипата на Младост 96, настани кои го обележаа третиот турнирски викенд

Како бомба одекнаа двата порази на сениорскиот државен првак, Кристијан Станојковски екипата на Младост 96. Ако во изминатите седум, осум години Станојковски имаше претрпено два порази, на денешните натпревари во еден ден два пати беше поразен. Во четвртото коло загуби убедливо со 3:0 од ветеранот Роберт Михајловски од екипата на Нец, додека во петото коло во неизвесен натпревар загуби од Филип Младеновски од Шампион ФА. И покрај поразите на Станојковски неговата екипа се осамостои на врвот на супер лигашката табела со пет победи од пет одиграни кола. Воедно поразите на Станојковски беа единствените загубени мечеви за екипата на Младост 96.
На дното на табелата е екипата на Струга која сеуште нема победа во најсилната конкуренција.
 
Резултати супер лига:
IV коло
Работнички - Младост 0:4
Струга - Радовиш 3:4
Вардар - Крива Паланка 2007 2:4
Нец - Младост 96 1:4
Шампион ФА - Нец 2 4:3
V коло
Нец 2 - Работнички 2:4
Младост 96 - Шампион ФА 4:1
Крива Паланка 2007 - Нец 4:1
Радовиш - Вардар 1:4
Младост - Струга 4:1
Мултитекс Пошта
Кај прволигашите по изненадувачкиот пораз на фаворитот Рисови од Кочани на врвот на табелата се издвои битолски Мултитекс кој во денешните натпревари на два пати славеше со максимални 4:0. Мултитекс на табелата води пред Кочани и Рисови кои имаат по еден пораз. Дали така ќе остани и по шестото коло ќе одлучи натпреварот меѓу Рисови и Мултитекс
Резултати прва лига:
IV коло
Мултитекс - Дебар Маало 4:0
Крушево - Пошта 2 1:4
Кочани - Рисови 4:1
Винспин - Борец ТИМ 4:3
V коло
Мултитекс - Пошта 2 4:0
Крушево - Дебар Маало 4:1
Кочани - Борец ТИМ 4:2
Винспин - Рисови 2:4
 
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај