Мултитекс првопласиран во првата лига

 Во супер лигата на четвртото турнирско соочување се одиграа шестото и седмото коло од супер лигашкото првенство. Фаворитите не дозволија изненадување и го зацврстија своите места на табелата. Со максимален учинок седум победи од исто толку натпревари екипата на Младост 96 е најсигурен кандидат за да презима на првото место на табелата. Следното, осмо коло на 18 октомври ќе одлучи дали Шампион Фа или Младост ќе биде второпласирана екипа на крајот од есенскиот дел од првенството. На дното на табелата се наоѓа екипата на Струга кои во досегашноиот тек на првенството нема забележано победа. Интересна е борбата за средината на табелата каде што останатите екипи се со исти шанси за повисоко место на табелата.
2 4 турнир
 
Кај прволигашите заврши есенскиот дел на првенството. Битолскиот тим на Мултитекс со максимален учинок по седум одиграни кола го најавува своето враќање во елитата во следната сезона.
Второпласирана во првата лига е екипата на Кочани со еден бод помалку од Мултитекс.
 
Резултати Супер Лига VI коло
Работнички - Струга 4:2
Вардар - Младост 2:4
Нец - Радовиш 3:4
Шампион ФА - Крива Паланка 2007 4:2
Нец 2 - Младост 96 2:4
 
Резултати Супер Лига VII коло
Младост 96 - Работнички 4:0
Крива Паланка 2007 - Нец 2 2:4
Радовиш - Шампион ФА 2:4
Младост - Нец 4:2
Струга - Вардар 1:4
 
Резултати Прва Лига VI коло
Рисови - Мултитекс 2:4
Борец ТИМ - Крушево 2:4
Дебар Маало - Кочани 1:4
Пошта 2 - Винспин 3:4
 
Резултати Прва Лига VII коло
Рисови - Крушево 4:2
Борец ТИМ - Мултитекс 2:4
Дебар Маало - Винспин 3:4
Пошта 2 - Кочани 2:4
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај