Кристијан Станојковски и Амелија Уце државни прваци во сениорска конкуренција

СЦ Борис Трајковски А1 Арена 22 и 23 Мај 2021
Приказната продолжува. Така би бил описот за државното првенство за сениори во машка конкуренција. Исто како во 2019 година( минатата година поради ковид рестрикциите не се одржа државното првенство),  финалната борба меѓу Кристијан Станојковски и Ѓоко Јочкоски заврши со победа на Станојковски со идентичен резултат 4:2 за Станојковски. со што повеќекратниот шампион на Македонија се закити со нова титула. Во полуфиналните борби, Станојковски беше подобар до Петар Костовски, додека Јочковски го совлада најмладиот полуфиналист Дамјан Стојчев. Во борба за полуфинале, Стојчев беше подобар од Жоговски, Костовски од Смолиќ, кои воедно беа и најдолгите натпревари на првенството, за одлуката кој ќе биде победник мораше да се одиграат максимални седум сетови. Јочковски во четвртфиналето го совлада Младеновски, Станојковски до максимални 4:0 беше поуспешен од Јованов.
Во женска конкуренција доминација на Амелија Уце повторно стана државен првак. Дијана Ристовска не успеа да ја одбрани титулата, Ристовска изгуби од Ива Димитриевска во четвртфиналето.
Во Финалната борба Амелија Уце славеше против Ана Стојановска со максимални 4:0 и покажа дека сеуште е најдобра во Македонија.
ф4
 
Пласман сениори
1. Кристијан Станојковски
2. Ѓоко Јочкоски
3. Дамјан Стојчев, Петар Костовски
ф1
 
Пласман сениорки
1. Амелија Уце
2. Ана Стојановска
3. Билјна Младенова, Ива Димитриевска