Станојковски и Младенова победници на ТОП 8 турнирот

Ден после одржувањето на Др/авното првенство за сениори, поради скратениот календар на пинг понгарската федерација се одржа ТОП 8 турнирот на кој учествуваат најдобриете осум играчи од ранг листата за сениори.
 Во конкуренција на сениори Кристијан Станојковски уште еднаш докажа дека нема конкуренција во Македонија, и уверливо со шест победи од шест натпревари супериорно го освои првото место.
На ТОП 8 турнирот еден натпреварувач го откажа своето учество.
 
 Пласман ТОП 8 Сениори:
1 КРИСТИЈАН СТАНОЈКОВСКИ
2 САШО СМОЛИЌ
3 ФИЛИП МЛАДЕНОВСКИ
4 ЃОКО ЈОЧКОСКИ
5 ДАМЈАН СТОЈЧЕВ
6 ПЕТАР КОСТОВСКИ
7 ХРИСТИЈАН ЈОВАНОВ
t8 m
 
Кај сениорките државната првенка Амелија Уце не успеа да ја потврди доминацијата, свој ден на ТОП 8 турнирот имаше Билјана Младенова која со максимален учинок го освои првото место. Победата на ТОП 8 за Младенова значи и пробивање на второто место на ранг листата.
 
Пласман ТОП 8 Сениорки:
1 БИЛЈАНА МЛАДЕНОВА
2 АМЕЛИЈА УЦЕ
3 АНА СТОЈАНОВСКА
4 ИВА ДИМИТРИЕВСКА
5 ДИЈАНА РИСТОВСКА
6 СОФИЈА ХАСАНУ
7 ВАСЕ БОГОЕВСКА
8 ЕМИЛИЈА МАРКОВСКА
t8 z
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај