Сениорите на европско првенство, младинските категории на балканско првенство

Македонската сениорска репрезентација, во состав Кристијан Станојковски и Билјана Младенова, предводени од селеторот Сашко Богатинов, достојно ја претставија нашата држава на Европското првенство во пинг понг во поединечна конкуренција во Варшава, Полска. Познавајќи го квалитетот на европските професионалци, Нашите претставници покажаа борбеност, мотивираност во секој поен, со освојување на некој сет. И во вакви тешки моменти на пандемија, кога доста селекции го откажаа учеството на ЕП, сепак ППФМ одлучи да бидеме дел од европското пинг- понгарско семејство, промовирајки ја својата држава.

ep

Кадетите и јуниорите ќе учествуваат на Балканското првенство во пинг понг во Албена, Бугарија каде што ќе се одржат натпреварувања во екипна и поединечна конкуренција. Вкупно десет натпреварувачи четири кадети и шест јуниори ќе ја претставуваат Македонија на ова натпреварување. Нашите репрезентативци на ова натпреварување ќе бидат предводени од тренерите Зоран Јованоски и Maртин Стаменковски.
 
bp
 
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај