Започна пинг понгарското првенство

Вчера во Прилеп со натпреварот од првата лига за сениорки помеѓу домашната екипа на Младост 96 и скопските Рисови официјално беше означен стартот на новата сезона 2021/22 во пинг понгарскот првенство. ПОуспешни во овој натпревар беа прилепчанки кои со 4:2 го совладаа рисиците од Скопје.

 Денес во СЦ Јане Сандански во Скопје своето прво соочување го имаа клубовите од Супер и Првата лига.
 Шампионот од минатата сезона со максимални 4:0 ги совлада штипскоте Шампион ФА со што го најаваи походот кон одбрана на шампионската титула за која најсериозен противник ќе имаат во Крива Паланка 2007 кои на стартот го совладаа Работнички со 4:1. Најинтересниот натпревар во рамките на првото коло го одиграа Младост од Прилеп и Вардар од Скопје. Поуспешни беа Младост со 4:3, во натпревар кој беше неизвесен до последниот поен, всушност последните два поени го одлучија победникот.
Телеком НЕЦ 2 беше поуспешен со 4:2 од Радовиш.
 Слободна беше екипата од Рисови, бидејќи екипата на ППК Мултитекс од Битола пред самиот старт на лигата поради финансиски проблеми го откажа своето учество во првенството.
Во првата лига постигнати се следните резултати:
Телеком НЕЦ - Кочани 4:0
Крива Паланка - Дебар Маало 4:0
Струга - Борец ТИМ 0:4 (службено)
Зегин Берово - Кратово 4:0
Натпреварите од Супер и прва лига продолжуваат на 24 Октомври, кога ќе се одиграат второто и третото коло .
Radovis
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај