Пинг понгарската федерација со значајна инфраструктурна поддршка на младинските школи

Пинг понгарската федерација направи уште еден крупен чекор во патот кон континуирана поддршка на клубовите кои имаат младински школи. На поголем број клубови кои имаат школи за млади играчи од целата држава пинг понгарската федерација им донираше помош во вид на професионални пинг понг маси сертифицирани за натпревари според ИТТФ стандарди. Исто така клубовите добија помош во останат вид на опрема како рекети, топчиња и останати реквизити во тренинг.

PPK Pelagonija

Овој гест на ППФМ всушност е само продолжување на агендата за поголема масовност на пинг понг и вклучување на поголем број млади играчи во процесот на тренинзи и натпревари со цел на изградба на секој играч индивидуално во личност за здрави навики на жиеење и почитување на фер плеј во натпеварите.
 ППФМ и во иднина ќе ги поддржува сите клубови кои имаат вклучено млади играчи во своите екипи. Исто така ППФМ несебично ќе ги помага и сите останати здруженија кои го практикуваат пинг понгот како спорт.
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај