Пинг понгарската федерација во соработка со АМС донираше опрема за ОУ Партенија Зографски

Пинг понгарската федерација во соработка со агенцијата за млади и спорт донираше пинг понгарска опрема на ОУ Партенија Зографски од Скопјe.

Државниот училишен центар за образование и рехабилитација Партенија Зографски од Скопје е е единствено средно стручно училиште за ученици со посебни потреби (оштетен слух и говор) кој 
со своите активности е насочен кон овозможување на учениците да стекнат средно образование, работно оспособување и едукација на децата со оштетен слух и пречки во говорот.
 Пинг понгарската федерација позитивно одговори на апелот од страна на училиштето за помош, за  донација на спортска опрема. Со цел за зголемување на физичката активност на учениците, која е важан фактор за ученикот да има здрав психофизички развој, како и за развој и популаризација на пинг понгот како спорт, пинг понгарската федерација им донираше на учениците рекети, пинг понг топчиња и мрежи.
Донација ПЗ
 
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај