Почнува заплетот во новата сезона

Со одигрувањето на натпреварите од второто и третото коло од двете најсилни лиги во сениорска конкуренција, се покажа дека има нови фаворити за највисок пласман.Минатогодишниот апсолутен шампион Младост 96 од Прилеп, после три одиграни кола со максимален скор сеуште љубоморно го чува првото место на супер лигашката табела. Како најсериозен конкурент за шампионската титулата на прилепчани се наметнува екипата на Крива Паланка 2007 во чии што редови токму од Младост 96 во преодниот рок во Крива Паланка 2007 премина државниот првак Станојковски.

кп2007
Покрај прилепчани и паланчани сеуште без пораз е и екипата на Телеком НЕЦ 2 која секогаш во последните неколку сезони е кандидат за висок пласман. Шампион ФА и Младост веќе ги запишаа и првите порази со што уште на стартот на првенството остануваат само фаворити од сенка. Лош старт во новата сезона имаат Вардар и Рисови двете скопски екипи кои во досегашните натпревари сеуште немаат победа.
Супер лига
Резултати второ коло
ВАРДАР - РАДОВИШ 1:4
КРИВА ПАЛАНКА 2007 - МЛАДОСТ 4:3
МЛАДОСТ 96 - РАБОТНИЧКИ 4:0
РИСОВИ - ШАМПИОН ФА 1:4
Резултати трето коло
РАБОТНИЧКИ - РИСОВИ 4:2
МЛАДОСТ - МЛАДОСТ 96 1:4
РАДОВИШ - КРИВА ПАЛАНКА 2007 2:4
ТЕЛЕКОМ НЕЦ 2 - ВАРДАР 4:0
Во првата лига екипите на Зегин Берово и Крива Паланка се најсериозни кандидати за највисок пласман и освојување на првите две места во првата лига.
И двете екипи по три кола имаат максимален учинок. 
Прва лига
Резултати второ коло
КОЧАНИ - КРАТОВО 4:0
КРУШЕВО - БЕРОВО 1:4
БОРЕЦ ТИМ - ЕВРОСПИН 4:0 (службено)
ДЕБАР МААЛО - СТРУГА 2:4
ТЕЛЕКОМ НЕЦ - КРИВА ПАЛАНКА 3:4
Резултати трето коло
КРИВА ПАЛАНКА - КОЧАНИ 4:2
СТРУГА - ТЕЛЕКОМ НЕЦ 3:4
ЕВРОСПИН - ДЕБАР МААЛО 0:4 (службено)
БЕРОВО - БОРЕЦ ТИМ
КРАТОВО - КРУШЕВО 1:4