Се одржаа квалификациите од Јуниорската лига

Во Струмица во салата на СОУ Димитар Влахов со учество на 11 екипи во конкуренција на Јуниори и 7 екипи во конкуренција се на Јуниорки се одржаа квалификационите натпревари во јуниорската лига.

јл 2

 Фаворитите и во двете конкуренции екипите на Крива Паланка и Крушево ги оправдаа фаворитските улоги и очекувано беа првопласирани во групите. Најпријатно изненадување во конкуренција на Јуниори е битолскиот клуб Пелагонија, кој иако е новоформиран клуб и не беше високо рангиран го освои првото место во својата натпреварувачка група.
 Финалните натпревари ќе се одржат на 7 Ноември во Крива Паланка, каде што 8 клубови во конкуренција на Јуниори и 4 клубови цо конкуренција на Јуниорки ќе се борат за највисок пласман. Победниците ќе се стекнат со титулата екипен првак во јуниорска конкуренција.
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај