ЈАВЕН ПОВИК за присуство на седница на редовно собрание на Федерацијата

Во согласност со одредбите од член 24 од Законот за здруженија и фондациите („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016), во согласност со одредбите од член од член 22 и член 27 од Статутот на Пинг-понгарската федерација на Република Северна Македонија, со ЕМБС 5134978 (во понатамошниот текст: „Федерацијата“), како и во согласност со Одлуката за свикување на седница на редовното собрание на Федерацијата од 25.02.2022 година, претседателот на Управниот одбор на Федерацијата, на 04.03.2022 година упатува:

ЈАВЕН ПОВИК за присуство на седница на редовно собрание на Федерацијата

По пат на овој јавен повик се покануваат членовите на Федерацијата да присуствуваат и да учествуваат во работата на седницата на редовното собрание на Федерацијата, кое е закажано за 12.03.2022 година, со почеток во 14.00 часот, во просториите на хотел Ројал Парк во Струмица (во понатамошниот текст: „Редовно Собрание“), со следниот предлог дневен ред:

I. Процедурален дел

1. Избор на работно претседателство,

2. Избор на Верификациона комисија,

3. Утврдување на кворум за работа на седницата на Редовното Собрание;

4. Избор на записничар на седницата на Редовното Собрание; и

5. Избор на двајца заверувачи на потписи на седницата на Редовното Собрание.

II. Оперативен дел

1. Усвојување на записник од претходно собрание,

2. Одобрување на Годишна сметка од работењето на ППФСМ за 2021 година,

3. Одобрување на Финансиски извештај за 2021 година,

4. Донесување на Одлука за промена на назив на Федерацијата;

5. Донесување на Одлука за изменување и дополнување на Статутот на Федерацијата.

6. Разно

Ве молиме за задолжитело присуство на седницата на Редовното Собрание.