Камп за малди во Скопје

Од 16ти до 19ти март Пингпонгарската федерација на С. Македонија организира камп за тренинг на младите категории во државата во сала Јане Сандански, Скопје. На кампот ќе учествуваат 13 репрезентативци во категориите помлади од 15 години и помлади од 19 години. Главен тренер на кампот е словенецот Јоже Урх кој заедно со нашите Сашко Богатинов и Зоран Јованоски ќе го одржат овој камп. Дополнително се дојдени уште двајца спаринг партнери од Германија кои заедно со тренерот Урх се дел од тренинг центарот на спонзорот на нашата федерација Тибхар во Германија во градот Сарбрукен.

275981201 1039686346905409 8937071126463922309 n

За крај на овој тренинг камп во сабота 19.03.2022 во хотел Русија ќе се одржи и еднодневна обука за тренери од нашата држава која исто така ќе ја одржи словенецот Јоже Урх.