Се одржа тренинг камп во Берово за младите категории

Берово од 30.05.2022 до 04.06.2022 беше домаќин на пинг понг камп, каде најдобрите млади репрезантативци, се подготвуваа за престојните регионални, европски и светски шампионати. сл22

Пингпонгарската федерација на Македонија е чест гостин во Берово, во смисла на организирање на поголем број на настани, кои со добра цел се дадени на организацијата во Берово.Овде го имаме најбрзо растечкиот клуб ППК„Зегин“ од Берово, клуб со добра инфраструктура и организација којшто ја добива поддршката од општинските власти, а посебно од реномираната компанија Зегин и господинот Благој Механџиски.Тука ги имаме како федерација сите неопходни услови за да организираме секаков вид настани, а денеска сме тука во посета на репрезентативен камп, каде што најдобрите млади репрезентативци, тренираат и се спремаат за престојните регионални, европски и светски шампионати. По избор на селекторот, најдобрите репрезентативци се тука со неколку отсутни поради школската сезона и со присуство на повеќе талентирани деца кои ќе бидат иднината на пинг понгот. Денес имавме тука во Берово настан на доделување на медали и пехари на најдобрите учесници на националниот систем на натпревари, на топ 8 натпреварите во младинските категории, па ја искористивме оваа прилика на еден начин со дружба да им ги доделиме наградите од кои три добија пингпонгарите од Берово – рече Горан Тиловски претседател на ППФМ.

На кампот присуствуваа 15 играчи. Пет од нив се дел од репрезентацијата на С. Македонија до 19 години, шест од нив се дел од репрезентацијата на С. Македонија до 15 години и четири од нив се дел од репрезентацијата на С. Македонија до 12 години. 

сл23

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај