ППК Крива Паланка 2007 е новиот шампион на Македонија за сезона 2021/22.

Овој викенд се изиграa двата финални натпревари од плејофот за сезона 2021/22 во машка конкуренција.

 
Првиот натпревар се изигра на 04.06.2022 кај домаќините клубот Крива Паланка 2007 во сала Бранители 2001 во Крива Паланка. Домаќините го добија првиот дуел против ППК Младост 96 со 4:1. 
На 05.06.2022 кај домаќините ППК Младост 96 во Прилеп се изигра и втoриот натпревар кој заврши со резултат 4:3 за ППК Крива Паланка 2007.
 
Со тоа екипата на Крива Паланка 2007 од Крива Паланка со резултат од 2:0 против минатогодишниот шампион ППК Младост 96 од Прилеп го освои шампионатот на Македонија во екипна конкуренција за сезона 2021/22.
sl123.jpg
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај