Претседателот на ППФСМ учествува во работата на годишниот конгрес на Европската ПП федерација во Минхен.

Претседателот на ППФСМ учествува во работата на годишниот конгрес на Европската ПП федерација во Минхен. На конгресот се усвоени годишните финансиски извештаи на ЕТТУ за 2021 година, донесени се некои прилагодувања на регулативите како и дискутирани се поголем број на оперативни и стратешки прашања. Дополнително, остварени се поголем број на работни средби со колегите од Европа за зајакнување на соработката во следниот период, а на покана на Италијанската федерација нашите млади играчи ќе учествуваат како гости на Транс алпскиот куп во Италија кој ќе се одржи во декември 2022 година. Претседателот на ППФСМ е избран со нов четири годишен мандат во одборот за ревизија и финансиско работење на ЕТТУ.ettu goran

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај