ППФСМ добива значајна финансиска подршка од НР Кина за подршка на развојот на нови млади пинг понгари. Средствата од финансиската донацијата ќе бидат искористени за купување на професионална пинг понг опрема ( маси, ракети, гуми и топчиња) која ќе биде наменета за сите нови најмлади талентирани играчи под 10 години за кои ППФСМ ќе ја превземе грижата заедно со клубовите околу нивното опремување и ќе го помогне нивниот професионален развој секако заедно со програмата за субвенционирање на тренерите која е во завршна фаза. Сите детали околу начинот на користење на опремата ќе биде дефинирана наскоро се со цел да може да се добие најголема вредност од неа и да се насочи на вистинските места.
Ја користам ова можност да се заблагодарам на Амбасадата на НР Кина за искрената подршка и доверба во ППФСМ.
Спортски поздрав,
Горан Тиловски
ППФСМ
Претседател
