Со поддршка на пријателите од Црногорската пинг понг федерација, ППФМ овозможи учество на најдобриот млад играч до 15 година, Александар Јакимовски, на Стар контендерот во Подгорица, каде настапува со најдобрите млади играчи од светската ранг листа. Се надеваме дека настапите на Александар на овој силен турнир ќе му помогнат во понатамошниот развој и постигнување уште подобри резултати.