Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики

Пингпонгарската Федерација на Република Северна Македонија започна со имплементација на проектот “Рекет за сите: Успехот те чека” дел од проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ финансиран од Европската Унија. Целта е создавање еднакви можности за сите, обезбедување безбедна и поддржувачка спортска средина, како и промоција на пинг-понгот како инклузивен и достапен спорт за жените и мажите подеднакво.

Во склоп на овој проект ќе се одржат следните активности:

1. Ќе се изработи Анализа на состојбата на родовата еднаквост во склоп на Пингпонгарската федерација. Анализата може да ја најдете на следниот ЛИНК.

2. Ќе се формира Комисија за родова еднаквост.

3. Ќе се одржи Тренинг за родова еднаквост со членовите од Комисијата, вработените во ППФСМ и тренери(селектори) кои работат со деца.

4. Ќе се објави видео кампања за промоција на спортот пинг понг.