Почитувани,
Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија во склоп на проектот “Рекет за сите: Успехот те чека” дел од проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ финансиран од Европската Унија отвара повик за пријавување за член на комисија за родова еднаквост. Комисијата ќе брои 3 члена и планирано е да почне со работа од мај 2026 година.
Членовите треба да ги исполнуваат следните критериуми:
- Познавање на темата на родова еднаквост во спортот,
- Познавање на државните закони и политики во однос на дискриминација на родова база.
Пожелни критериуми:
- Искуство во спортот пинг понг,
- Искуство или работа во невладин сектор на теми поврзани со родова еднаквост.
Обврските на членовите ќе се следни:
- Новите членови мора да поминат еднодневна обука за родова еднаквост од експрти на темата организирана од ППФСМ.
- Да примаат поплаки од играчите, тренерите и други лица вклучени во пингпонгот во С. Македонија и да постапуваат по нив.
- Еднаш годишно да доставуваат извештај и препораки за унапредување на родовата еднаквост до раководството на ППФСМ.
Пријавувањето е до 30.04.2026 со испраќање на писмо за заинтересираност каде што ќе објасните кои се вашите познавање во областа и зашто би сакале да бидете член на оваа комисија. Писмото треба да се испрати на следната емаил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..



Проектот е финансиран од Европската Унија