Почитувани претставници на клубови,членки на собрание на ППФМ,
Чест ми е да ве известам дека ППФМ своето Редовно годишно собрание ќе го одржи на ден 18.10.2026 г. во Скопје,во СЦ Јане Сандански-конференциска сала,во 13.00 часот.
Управниот одбор на својата седница одржана на ден 01.10.2026 г.донесе Одлука за закажување на Редовно годишно собрание.
Во прилог го доставуваме Јавниот повик за организирање на Редовното годишно собрание,заедно со материјалите од дневниот ред,како и полномошно за учество на собранието.
Замолувам полномошното секој клуб заверено и пополнето со име на делегатот да го достави на овој емаил.
Во надеж за добро здравје,ви посакувам успешно Редовно годишно собрание.
Златко Рикалоски
Потпретседател на ППФМ
