Почитуван/а,
Пингпонгарската федерацијана на Северна Македонија ве поканува да учествувате на обука за родова еднаквост што ќе се одржи на 22 август во Скопје.
Обуката ќе е еднодневна, а се повикуваат да се пријават членовите на новоформираната комисија за родова еднаквост, вработените и ангажираните лица во ППФСМ, како и тренерите кои работат со деца. Целта на тренингот е да се зголеми свеста и да се стекнат практични вештини за унапредување на родова еднаквост во спортската федерација.
Теми кои ќе бидат обработени на тренингот:
1. Како да се постигне родова еднаквост во ППФСМ – Преглед на конкретни мерки и стратегии кои може да се применат за подобрување на родовата застапеност и еднаквост во федерацијата.
2. Презентација на работата на новата комисија – Детален преглед на улогата, обврските и целите на комисијата за родова еднаквост, како и како ќе се спроведуваат активностите и стратегиите за постигнување рамноправност.
3. Како да се постапува при пријава на дискриминација и родово базирано насилство – Обука за препознавање на случаи на дискриминација и родово базирано насилство како правилно да се постапи при пријавите, вклучувајќи ги правните аспекти и процесот на решавање на вакви случаи.
Се надеваме дека ќе ја прифатите оваа покана да присуствувате на настанот. Ве замолуваме да одговорите на оваа покана најдоцна до 17 август 2026 година. Или да се пријавите на емаил адресата: aivanova.ppfm@outlook.com
Деталната агенда и точната локација ќе ги добиете накнадно. Патните трошоци за учесниците од другите градови ќе бидат рефундирани.
Со почит,
ППФСМ

