Ви благодариме што ја посетивте официјалната страна на ППФМ www.pingpong.com.mk

     Овде ќе имате во можност да сте во тек со сите актуелности и активности на ППФМ

Повик за експерт – обучувач на членови на комисија за родова еднаквост во ППФСМ

Почитувани,

Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија во склоп на проектот “Рекет за сите: Успехот те чека” дел од проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ финансиран од Европската Унија отвара повик за пријавување за експерти – обучувачи на членови на комисија за родова еднаквост во ППФСМ.

Експертите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Познавање на темата на родова еднаквост,
  • Познавање на државните закони и политики во однос на дискриминација на родова база.

Пожелни критериуми:

  • Искуство во спортот пинг понг,
  • Искуство или работа во невладин сектор на теми поврзани со родова еднаквост.

Обврските на експертите ќе се следни:

  • Да изработи правилник за работа на комисија за родова еднаквост во ППФСМ.
  • Да одржи еднодневна обука за членовите на комисијата за родова еднаквост во ППФСМ и други ангажирани лица во ППФСМ на тема родова еднаквост, како да се препознае дискриминација на база на род, како и каде да се пријави истата.

ППФСМ ќе избере двајца експерти. Буџетот за обврските е 300 евра бруто за еден експерт.

Пријавувањето е до 30.05.2026 со испраќање на CV. CV-то треба да се испрати на следната емаил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Проектот е финансиран од Европската Унија

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај