WTT YOUTH STAR CONTENDER SKOPJE - повик за волонтери

Почитувани,

Од 5ти до 9ти септември 2023 година во сала Јане Сандански во Скопје ќе се одржи меѓународен турнир во пинг понг во конкуренција до 15 и до 19 години. Турниорт е еден од петте највисоко рангирани на светско ниво на кој ќе учествуваат играчи од цел свет.

За потребите на организацијата ППФСМ објавува повик за волонтери со чија помош овој турнир ќе го организираме на највисоко ниво. Некои од обврските на волонтерите ќе бидат:
1. Разнесување на материјали, предмети, храна и вода;
2. Помош на странските играчи (превод, насоки, препраќање до одговорните лица и сл.);
3. Техничка поддршка (помош при работа со компјутери, акредитации, објавување резултати);

Волонтерите треба да ги имаат следните карактеристики: дружељубиви, точни на време, мотивирани, насмеани, по можност да се достапни за сите 5 дена од турнирот.
За возврат ППФСМ на волонтерите ќе им обезбеди маичка од турнирот, оброци во текот на времетраењето на турнирот и можност да ги следат сите натпревари во сала.

Пријавувањето трае до 15.08.2023, преку оваа гугл форма или со праќање на информациите на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Примените волонтери ќе се контактирани по завршувањето на рокот за пријавување и во текот на месец август ќе поминат и еднодневна обука за обврските кои би ги имале на турнирот.
 

wttSkopje

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај