Известувања за сезона 2021/22
- Пропозиции за 5то Државно Првенство - Категорија У21
- Пропозиции за Телеком Мастерс 2 У21, 05.06.2022 во Берово
- Пропозиции за 29то Државно првенство во конкуренција сениори/ки
РЕЗУЛТАТИ ЈУНИОРСКА ЛИГА ФИНАЛНИ НАТПРЕВАРИ - Крива Паланка
Јуниори
Финале
Крива Паланка - Крушево 3:2
3 место
Астраион - Пелагонија 3:1
1/2 Финале
Крива Паланка - Астраион 3:0
Крушево - Пелагонија 3:0
5 место
Шампион Фа - Куманово 2:3
7 место
Вардар - Зегин Берово 0:3
5-8 Место
Вардар - Шампион ФА 0:3
Зегин Берово - Куманово 0:3
1/4 Финале
Крива Паланка - Вардар 3:0
Астраион - Шампион Фа 3:1
Крушево - Зегин Берово 3:0
Пелагонија - Куманово 3:1
Јуниорки
Финале
Крива Паланка - Крушево 3:1
3 место
Берово - Крушево 2 0:3
1/2 финале
Крива Паланка - Берово 3:0
Крушево - Крушево 2 3:0
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
РЕЗУЛТАТИ ЈУНИОРСКА ЛИГА КВАЛИФИКАЦИИ - Струмица
Јуниори Група А
Зегин Берово - Крива Паланка 0:3
Јуниори Група Б
Шампион ФА - Младост 96 - 2 3:0
Шампион Фа - Крушево 1:3
Крушево Младост 96 - 2 3:0
Јуниори Група Ц
Младост 96 - Вардар 2:3
Пелагонија - Младост 96 3:0
Вардар - Пелагонија 0:3
Јуниори Група Д
Куманово - Агро Милениум 3:0
Куманово - Астраион 0:3
Астраион - Агро Милениум 3:0
Јуниорки Група А
Крива Паланка - Агро Милениум 3:0
Крушево - 2 - Берово -2 3:0
Крушево - 2 - Крива Паланка 1:3
Берово - 2 - Агро Милениум 3:0
Агро Милениум - Крушево - 2 0:3
Крива Паланка - Берово - 2 1:3
Јуниорки група Б
Крушево - Младост 96 3:0
Берово - Крушево 0:3
Младост 96 - Берово 0:3
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Пријавување на натпреварувачи за јуниорска лига
Известување
Објавувам список со кандидати/ки во сениорска репрезентација за престојното Балканско првенство , 16-19 септември, Албена, Р.Бугарија
* Мажи
- Кристијан Станојковски, Ѓоко Јочкоски, Саша Смолиќ, Дамјан Стојчев, Петар Костовски, Филип Младеновски, Христијан Јованов, Димитрие Жоговски.
( Резервни кандидати: Живко Апостоловски, Андреј Лашкоски)
* Жени
-Амелија Уце, Билјана Младенова, Ана Стојановска, Ива Димитриевска, Дијана Ристовска, Софија Хасану, Васе Богоеска, Катарина Лаура Михаилов.
(Резервни кандидати: Бојана Михајловска, Сара С. Стојановска).
- 1.)Кандидатите треба да ја потврдат кандидатурата во рок од 24 часа.
- 2.) Кандидатите треба да доставуваат неделно кратко известување за реализирани тренинзи, фотографии или видео материјал на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
- 3.) Формата на кандидатите ќе биде проверена со топ 8 натпревари
- 4.) Изборот ќе биде извршен од 50% од официјалната ранг листа (Државно првенство и топ 8 (1) и 50% од моменталната форма на кандидатите/ки, топ 8 (2).
- Избраните кандидати/ки заедно ќе се подготвуваат неколку денови пред Балканско првенство со задолжително присуство.
С. Богатинов, контакт 078 473 205
Спортски поздрав
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Преодниот рок на играчи ќе биде во терминот од 1 Август 2021 година до 10 Август 20121 година. Клубовите во тој период имаат обврска да извршат пререгистрација на играчите кои ќе настапуваат во сезоната 2021/22. Во истиот период клубовите ќе имаат право да регистрираат нови играчи.
Известувања за сезона 2020/21
06.06.2021 На клубовите испратен им е е-маил со листа на играчи кои имаат изборено учество на завршниот ТОП 8 турнир за јуниори
Ве известуваме дека владата донесе одлука за задолжително тестирање на играчите пред секој натпревар со ПЦР тест. Врз основа на таа одлука ППФМ ги одложува сите натпреварувања. ППФМ дополнително ќе ве извести кога ќе продолжат натпреварувањата.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ППФМ ве известува дека наредниот викенд 18.04.2021 г.ќе се одржи редовниот турнус од Супер лигата,како и натпреварите од Прва,Втора лига,и Прва лига за жени.
За сите останати натпреварувања во сите категории,ППФМ нема дозвола за организација.
Воедно ве известуваме дека во недела ,во салата "Борис Трајковски" нема да биде дозволено присуство ,освен на:
-Играчите на клубовите кои се пријавени за натпреварите во недела,
-еден тренер за секоја екипа
-делегат,
-судии,
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЈУНИОРСКА ЛИГА - ПЛАСМАН
Есенски дел
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ИЗБОРНО СОБРАНИЕ НА ППФСМ
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ПОЧЕТОК НА ПРОЛЕТНИОТ ДЕЛ ОД СЕЗОНАТА 2020/21
ПРЕОДЕН РОК
Преодниот рок и периодот за регистрација на нови играчи играчи започнува на 1ви Јануари 2021 и ќе трае до 25 Јануари 2021 година. Рокот за жалби до регистрациона комисија е од 26 Јануари 2021 до 31 Јануари 2021 година.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ИГРАЧИ КОИ ДОБИЈА СТИПЕНДИЈА
- Дамјан Стојчев
- Ива Димитриевска
- Даниел Главевски Зхоу
- Бојана Михајловска
- Борис Секулов
- Сара С. Стојановска
- Александар Јакимовски
- Фани Јованоска
- Теодор Волканоски
- Ана Стојановска
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ЈУНИОРСКА ЛИГА
За натпреварите во јуниорската лига се пријавија вкупно 15 екипи:
1 Рисови
2 Топспин плус
3 Астраион мега спин
4 Градба Промет
5 Крушево
6 Винспин
7 Крива Паланка
8 Шуто Оризари
9 Младост 96
10 Шампион ФА
11 Евроспин
12 Куманово
13 Телеком НЕЦ 2
14 Струмица
15 Берово
Клубовите кои пријавиле учество во јуниорската лига имаат обврска до 21.09.2020 да пријават во која конкуренција ќе се натпреваруваат машка и женска конкуренција.( јуниори и јуниорки ).
Во јуниорската лига клубовите немаат право да пријават женски во машка конкуренција. Лигата ќе биде за јуниори и за јуниорки.
Сите клубови имаат право да пријават максимално 4 играчи за својата јуниорска екипа.
Јуниорската лига ќе се игра во систем на натпреварување подобар од 5 (3 добиени).
A-X
B-Y
Дубл
A-Y
B-X
Екипите имаат право на една замена, која треба да ја пријават после мечот во двојки. Во двојки можат да настапат било кои 2 играчи од максимално 4 пријавените играчи за една екипа.
Право на учество имаат сите регистрирани играчи во клубови за оваа сезона, како и сите играчи што се државјани на РС Македонија,родени 01.01.2002 година и помлади.
Клубовите ќе имаат обврска играчите кои ќе настапат за нивните јуниорски екипи да ги пријават во периодот од 16 до 20 Октомври.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
Состанок на ППФСМ со клубовите
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
COVID 19, Мерки на претпазливост за заштита
ПРОТОКОЛ
МЕРКИ НА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ЗАШТИТА ОД COVID 19 ПРИ ОДИГРУВАЊЕ НА ПИНГ ПОНГАРСКИ НАТПРЕВАР KAKO И ПРИ ОБАВУВАЊЕ НА ТРЕНИНЗИ
Обавување на тренинзи
Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 3 м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 10м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 8 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица).
-Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови.
-Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите.
-Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери.
Пред почетокот за време и после завршувањето на секој тренинг ќе се врши дезинфекција на рацете на секој играч, како и на масата
Се забранува бришење на рацете од масата
На влезот во салата ќе биде поставена опрема за дезинфекција на обувките на играчите.
Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува.
Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните.
Во текот на тренингот се препорачува растојание од 3м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание.
По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол.
По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден.
При одигрување на пингпонгарски натпревар ќе бидат преземени следните мерки за заштита на играчите
- Оневозможување на физички контакт на играчите
- Пред почетокот и после завршувањето на натправарот нема да има поздравување помеѓу натпреварувачите, како и поздравување на играчите со судијата. Во текот на натпреварот самата должина на масата која е 2,74 метри оневозможува блиски контакти на натпреварувачите
- Масата за судијата на натпреварот ќе биде поставена надвор од рингот со што судијата и физички ќе биде ограден од делот каде што се одвива натпреварот
- После натпреварот играчите заминуваат на трибината, каде што секој клуб ќе има свој дел кој ќе биде оддалечен најмалку 4 метри од претставниците на друг клуб.
- Играчите имаат право да се симнат на теренот само за време на одигрување на натпревар, остатокот од времето ќе бидат на трибината.
- Судијата има обврска цело време да носи заштитна маски, додека играчите во времето додека не се натпреваруваат исто така имаат обврска да носат заштитна маска
- Лична дезинфекција и дезинфекција на опремата
- Пред почетокот и после завршувањето на секој сет ќе се врши дезинфекција на рацете на секој играч, како и на масата
- Се забранува бришење на рацете од масата
- На влезот во салата ќе биде поставена опрема за дезинфекција на обувките на играчите.
- Секој играч ќе има своја корпа која ќе стои во аголот на теренот зад натпреварувачот во која ќе стои крпата на играчот. Аголот кој ќе се користи ќе биди различен за секој играч на секоја страна на теренот.
- Нема да биде дозволено користење на соблекувалните.
- Зачестена дезинфекција на тоалетите во салата каде што ќе се одржуваат натправарите
- Редарска служба во салата
- Влезот во салата и редот во салата ќе го врши редарска служба
- При влезот на екипите во салата ќе им биде посочено на кој дел од трибината да се сместат, со што ќе се избекни секаков близок контакт на играчи од различна екипа
- После завршување на натпреварот екипите една по една ќе го напуштат објектот во кој се одржува натпреварувањето
ППФМ
Претседател
Горан Тиловски
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
СТИПЕНДИИ
Име, татково име и презиме |
|
Клуб |
|
1 |
Дамјан Стојчев |
Шампион ФА |
|
2 |
Ива Димитриевска |
Рисови |
|
3 |
Даниел Главевски Зхоу |
Мултитекс |
|
4 |
Бојана Михајловска |
Рисови |
|
5 |
Борис Секулов |
Астраион |
|
6 |
Сара С.Стојановска |
Крива Паланка |
|
7 |
Александар Јакимовски |
Крива Паланка |
|
8 |
Фани Јованоска |
Крушево |
|
9 |
Теодор Волкановски |
Крушево |
|
10 |
Ана Стојановска |
Крива Паланка |
|
11 |
Лука Стојчев |
Шампион ФА |
|
12 |
Васе Богоеска |
Крушево |
|
13 |
Ненад Тиловски |
Телеком НЕЦ 2 |
|
14 |
Сара А.Стојановска |
Крива Паланка |
Извештај од Комисија за рангирање на најдобрo пласираните двајца пингпонгари-ки од ранг листите во секоја од категориите помлади пионери-ки,пионери-ки, младинци-ки и У21 машки и женски со предлог листа за кандидати за стипендија за 2020 година.
Врз основа на критериумите кои ги донесе УО на ППФМ, Комисијата на ден 26.07.2020 година доставува предлог листа за стипендисти за 2020 година до УО на ППФМ.
Вкупниот број на доставени стипендии изнесува 14. Врз основа на Ранг листите формирани врз база на постигнатите резултати во текот на целата натпреварувачка сезона во предвидените бодовни турнири (поради пандемијата од 4 бодовни турнири, одиграни се само 2) и формираните ранг листи објавени на официјалната страна на Федерацијата www.pingpong.com.mk во делот ранг листи (во прилог на овој Извештај), Комисијата ги предлага следните играчи за стипендија во соодветните категории:
Млади пионери (Табела - Прилог1):
- Александар Јакимовски
- Ненад Тиловски
Млади пионерки (Табела - Прилог2):
- Фани Јованоска
- Сара А.Стојановска
Пионери (Табела - Прилог 3)
1.Борис Секулов
2.Лука Стојчев
Пионерки (Табела - Прилог 4)
1.Сара С.Стојановска
2.Васе Богоеска
Младинци (Табела Прилог 5):
- Даниел Главевски Зхоу
- Теодор Волкановски
Младинки (Табела Прилог 6):
- Бојана Михајловска
- Ана Стојановска
У21 машки (Табела Прилог7):
- Дамјан Стојчев
Во категорија У21 машки, Филип Костадиновски како второпласиран поради надминување на возраста 21 година, не исполнува услови за стипендија и е изземен од предлог листата за стипендии, а следните на листа Даниел Главевски Зхоу се веќе предложени во категориите пионери и младинци, па затоа не предлагаме уште еден од У21 ранг листата.
У21 женски (Табела - Прилог8):
- Ива Димитриевска
Во категоријата У21 женски Ана Стојановска е веќе предложенa во категоријата младинки, па затоа не предлагаме уште еден од У21 ранг листата женски.
Комисија во состав:
- Златко Рикалоски
- Зоран Таневски
Потпис:
Датум 26/7/2020
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
КАМП ПЕХЧЕВО 2020
Учесниците на семинарот за тренери во рамките на кампот Пехчево 2020, имаат обврска да бидат во Хотел Гогов во Пехчево на 24 Август 2020 година во 8 часот и 15 минути.
Првата сесија е со почеток во 11 часот.
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
КОТИЗАЦИЈА ЗА СЕЗОНА 2020/21
Клубовите кои учествуваат во државниот систем на натпревари во лига првенството во конкуренција на сениори имаат обврска до 10 Септември 2020 да извршат уплата на котизација за сезона 2020/21.
Клубовите кои нема да извршат уплата на котизација до 10 Септември 2020 по автоматизам го губат правото на учество во првенството.
На клубовите на е маил им е испратен документ - фактура за уплата на котизација за сезона 2020/21
----------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------
ОПРЕМА ЗА КЛУБОВИТЕ КОИ ВО НАТПРЕВАРУВАЧКАТА СЕЗОНА 2019/20 СЕ НАТПРЕВАРУВАА ВО РАМКИТЕ НА ВТОРИТЕ РЕГИОНАЛНИ ЛИГИ
Клубовите кои во натпреварувачката сезона 2019/20 се натпреваруваа во рамките на вторите лиги имаат обврска да достават податоци за големина на спортска опрема - дрес (шорц и маичка) за 4 играчи
Рокот за доставување на подaтоците е до 10 Август 2020 година.
Опремата ја набавува ППФСМ, клубовите немаат никакви давачки по основа на набавка на оваа опрема.