Меѓународната пинг понг федерација (ИТТФ) додели лиценца за меѓународен Врховен Судија по пинг-понг

Македонија за прв пат доби меѓународен Врховен судија по пинг-понг со лиценца “International Referee” добиена од Меѓународната пингпонгарска Федерација - ITTF. Оваа лиценца во светот ја држат мал број на луѓе, а во Македонија единствено ја поседува Ангелина Иванова која е и една од најмладите судии на светската листа.

AI diploma

 

Ангелина долги години се занимава со пинг понгот како играч, судија и организатор на пингпонгарски натпревари. Таа ја имаше лиценцата за меѓународен судија  од 2016 година и има судено на повеќе од 20 меѓународни натпревари меѓу кои и Европски и Светски првенства. По успешните настапи на овие првенства, а по препорака на оценувачите на судии од ITTF и со поддршка на Пингпогарската федерација на С. Македонија, Ангелина учествуваше на школата за Врховни судии “International Referee school” во Хелсинки, Финска од 13ти до 16ти октомври каде успешно ги помина сите тестови и вежби и официјално се здоби со лиценцата “International Referee”.

сл2

Со оваа лиценца Ангелина ќе може да води меѓународни натпревари од највисок калибар како европски, светски и отворени меѓународни турнири, а веќе од 2023 година се очекува да учествува на повеќе врвни турнири во Балканот како и престижниот втор по ред WTT Youth Star Contender турнир кој ќе се одржи во Скопје на почеток на септември 2023 година.

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај