Најмладите репрезентативци достојно ја претставија државата на Медитеранскиот куп во пинг понг

Нашите репрезентативци до 12 години, Кристијан Каламадевски од ППК Зегин Берово и Матеја Смолиќ од ППК Рисови учествуваа на турнирот Медитерански Куп во Биела, Италија од 7ми до 8ми Декември. Екипата ја водеше селекторот Сашко Богатинов. Тие настапија во две категории - тимски  и поединечно.

Во поединечна конкуренција машки - Кристијан Каламадевски не успеа да се пласира на главната табела меѓутоа во групата имаше добри резултати и една победа во групата. По разигрувањето го освои 28мото место на турнирот од 40 учесници.

Во поединечна конкуренција женски - Матеја Смолиќ го освои првото место во групата и се пласираше на главната табела на турнирот. Таа го загуби следното коло со минимална разлика од 3:2. На крај го освои 17тото место на турнирот од 34 учесниички.
 
Во тимската конкуренција нашите натпреварувачи не успеаа да се пласираат на главната табела со една победа и две изгубени натпревари во групата. По разигрувањето тие го освоија 24тото место од 34 екипи.
 
Играчите достојно ја претставија државата и се бореа до последен поен. 
1
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај