Претседателот на ППФСМ, Горан Тиловски е во посета на спонзорот на федерацијата, ТИБХАР, во Сарбрикен каде се разговара со врвното раководство на ТИБХАР, Извршниот директор Г-дин Роланд Берг околу продолжување на спонзорската соработката, интензивирање на користењето на ресурсите на тренинг центарот на Тибхар во Сарбрикен под водство на тренерот Јоже Урх како и осигурување на професионална и подршка во опрема на Тибхар во организација на нови врвни светски и европски натпреварувања. Во истиот период во Сарбрикен во еден од најдобрите светски тренинг центри се наоѓа и првата група од четири млади талентирани пингпонгарки, Софија Хасану, Матеја Смолиќ, Моника Станковска и Фани Јовановска заедно со селекторот Сашо Богатинов кои ќе тренираат под палката на тренерот Јоже Урх а ќе имаат и можност да присуствуваат на тренажниот процес на професионалниот состав на една од најдобрите екипа од Бундес лигата ТТ Сарбрикен.