Во согласност со одредбите од член 24 од Законот за здруженија и фондациите („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/2010, 135/2011 и 55/2016), во согласност со одредбите од член од член 22 и член 27 од Статутот на Пинг-понгарската федерација на Република Северна Македонија, со ЕМБС 5134978 (во понатамошниот текст: „Федерацијата“), како и во согласност со Одлуката за свикување на седница на редовното собрание на Федерацијата од 14.09.2024 година, претседателот на Управниот одбор на Федерацијата, на 19.09.2024 година упатува:
ЈАВЕН ПОВИК
за присуство на седница на редовно собрание на Федерацијата
По пат на овој јавен повик се покануваат членовите на Федерацијата да присуствуваат и да учествуваат во работата на седницата на редовното собрание на Федерацијата, кое е закажано за 28.09.2024 година, со почеток во 13.00 часот, во просториите на СЦ Јане Сандански – Скопје - конференциска сала, (во понатамошниот текст: „Редовно Собрание“), со следниот предлог ДНЕВЕН РЕД::
I. Процедурален дел
1. Избор на работно претседателство,
2. Избор на Верификациона комисија,
3. Утврдување на кворум за работа на седницата на Редовното Собрание;
4. Избор на записничар на седницата на Редовното Собрание; и
5. Избор на двајца заверувачи на потписи на седницата на Редовното Собрание.
II. Оперативен дел
1. Усвојување на записник од претходно собрание,
2. Одобрување на Годишна сметка од работењето на ППФСМ за 2023 година,
3. Одобрување на Финансиски извештај за 2023 година,
4. Одлука за бришење на Клубови од членство во ППФСМ,
5. Разно.
Ве молиме за задолжитело присуство на седницата на Редовното Собрание.
Претседател на Управниот одбор,
Горан Тиловски
Скопје, 19.09.2024 година