Станојковски и Николов ги одбранија титулите

Овој викенд 23 и 24.март во сала Јане Сандански во Скопје се одржа најпрестижниот натпревар во пингпонгот, Државното првенство за сениори и сениорки во категории поединечно, машки и женски двојки и мешани двојки. 

 
Иако ланските победници ги одбранија титулите имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај женските малата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Додека кај машките изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22ро рангиран успеа да стигне до третото место.
Конечните резултати се следните:
Резултати од Микс двојки:
1. Филип Младеновски и Амелија Николов - ППК Шампион Фа
2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска - ППК Крива Паланка
3. Нико Доага и Софија Хасану - ППК Младост
3. Даниел Главевски - ППК Пелагонија и Фани Јованоска - ППК Зегин Берово
 
Резултати од машки двојки:
1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски - ППК Крива Паланка
2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев - ППК Младост
3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски - ППК Телеком Нец 2
3. Александар Кралев и Филип Младеновски - ППК Шампион Фа
Резултати од женски двојки:
1. Ана Стојановска - ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа
2. Фани Јованоска - ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска - ППК Крива Паланка
3. Софија Хасану и Емилија Марковска - ППК Младост
3. Сара С. Стојановска - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска - ППК Младост 96
 
Резултати од поединечна конкуренција.
Машки:
1. Кристијан Станојковски - ППК Крива Паланка
2. Филип Младеновски - ППК Шампион Фа
3. Лука Стојчев - ППК Младост
3. Венко Стојанов - ППК Радовиш
Женски:
1. Амелија Николов - ППК Шампион Фа
2. Моника Стајковска - ППК Зегин Берово
3. Сара Стојановска - ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
3. Софија Хасану - ППК Младост
 
sla
Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај