Ви благодариме што ја посетивте официјалната страна на ППФМ www.pingpong.com.mk

     Овде ќе имате во можност да сте во тек со сите актуелности и активности на ППФМ

Повик за член на комисија за родова еднаквост

Почитувани,

Пингпонгарската федерација на Република Северна Македонија во склоп на проектот “Рекет за сите: Успехот те чека” дел од проектот „Фер игра: поддршка за родова еднаквост во спортските политики“ финансиран од Европската Унија отвара повик за пријавување за член на комисија за родова еднаквост. Комисијата ќе брои 3 члена и планирано е да почне со работа од мај 2026 година.

Членовите треба да ги исполнуваат следните критериуми:

  • Познавање на темата на родова еднаквост во спортот,
  • Познавање на државните закони и политики во однос на дискриминација на родова база.

Пожелни критериуми:

  • Искуство во спортот пинг понг,
  • Искуство или работа во невладин сектор на теми поврзани со родова еднаквост.

Обврските на членовите ќе се следни:

  • Новите членови мора да поминат еднодневна обука за родова еднаквост од експрти на темата организирана од ППФСМ.
  • Да примаат поплаки од играчите, тренерите и други лица вклучени во пингпонгот во С. Македонија и да постапуваат по нив.
  • Еднаш годишно да доставуваат извештај и препораки за унапредување на родовата еднаквост до раководството на ППФСМ.

Пријавувањето е до 30.04.2026 со испраќање на писмо за заинтересираност каде што ќе објасните кои се вашите познавање во областа и зашто би сакале да бидете член на оваа комисија. Писмото треба да се испрати на следната емаил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

Проектот е финансиран од Европската Унија

Пинг-Понг Федерација на Македонија © 2018 . All Rights Reserved. веб дизајн & хостинг www.Acvilla.eu.mk

Пребарај